Противпожарните власти соопштија дека 77-годишен маж бил пренесен во болница со изгореници, а други двајца поради вдишување чад.
По експлозијата, која се случила на 200 метри од храмот на Зевс Олимписки на прометната авенија Сингроу, избувнал пожар.
Експлозијата сериозно оштетила еден деловен блок, а скршени се повеќе излози во прометниот дел на центарот на Атина.
Пожарникарите веднаш почнале потрага по луѓе што можеби останале заробени во оштетените згради, а штом осамнало, насилно влегле во оштетените продавници и ослободиле неколку заробени лица.
Причината за експлозијата сѐ уште не е позната.