Експлозија на плинска боца во пакистански воз, загинаа најмалку 65 луѓе

Најмалку 65 лица загинаа во пакистанската покраина Пенџаб во пожар што избувна во воз по експлозија на плинска боца, соопштија локалните службеници, пренесе АП.

До експлозијата дошло кога во вагон-ресторанот се приготвувал појадокот за патниците, кажа министерот задолжен за железничкиот сообраќај Рашид Ахмет. Тој истакна дека бројот на жртвите постојано се зголемува зашто доста патници имаат тешки опекотини, а некои се повредени и при скокањето од возот низ пламенот.

Премиерот на Пакистан Имран Кан нареди итна истрага за пожарот. Тој на Твитер прати порака на сочувство до семејствата на жртвите на оваа „ужасна трагедија“.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе