„Напад без жртви“

Експлозија на „пакет“ бомба во Лион, најмалку осум повредени (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку осум лица се повредени во експлозијата што одекна денес, доцна попладнето, во францускиот град Лион.

Градската администрација објави дека се работи за помали повреди.

Експлозија се случила во централното градско подрачје во пешачка зона.

Француската телевизија БФМ извести дека 10 лица се повредени, вклучувајќи едно дете. Според првите информации, се сомнева дека се работи за „пакет“ бомба што експлодирал во една пекара.

Линскиот Ле Прогрес извести дека пакетот го фрлил маж на мотоцикл и набрзо потоа се слушнала експлозијата.

Канцеларијата на францускиот министер за внатрешни работи соопшти дека причината за експлозијата сè уште е непозната.

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша случајот како „напад без жртви“.

Обвинителството во Париз по експлозијата отвори истрага.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе