„Tерористички чин"

Експлозија на ирански танкер, протекува нафта во Црвено Море

Танкер, кој ѝ припаѓа на нафтената корпорација во сопственост на иранската влада, гори по експлозијата во близина на саудискиот пристанишен град Џеда во Црвено Море, 100 километри од бреговите на Саудиска Арабија. Инцидентот се третира како „терористички чин", велат локалните медиуми.

Танкерот, управуван од Националната иранска нафтена компанија (НИОК), пловел преку Црвеното Море кога се случила експлозијата, според иранската полу-официјална новинска агенција ИСНА. Експлозијата била доволно моќна да оштети два од нејзините резервоари, што довело до протекување на нафта во областа.

Локалните медиуми наведуваат дека некои неименувани ирански „технички експерти“ веруваат дека инцидентот може да биде предизвикан од „терористички напад“, но не дале никакви докази да го потврдат ова тврдење.

Екипажот на танкерот не е повреден во инцидентот што се случи во близина на Џеда, најголемото пристаниште во Црвено Море што служи како поморска порта кон Саудиска Арабија.

НИОК, кој некогаш се рангираше на второ место по Сауди Арамко во однос на екстракцијата на сурова нафта, за државната новинска агенција ИРНА изјави дека танкерот е погоден од, како што изгледа, ракетен напад. Извештајот не наведува од каде можело да дојде до таков напад.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе