Експлозија кај американската амбасада во Кабул на годишнината од 9/11

Ракета експлодира во американската амбасада во Авганистан само неколку минути по полноќ во средата, на годишнината од нападот на 9/11 врз Соединетите Држави, но официјалните лица во комплексот околу еден час подоцна рекоа дека нема повредени.

Облак од чад се издигаше над центарот на Кабул веднаш по полноќ и можеше да се слушнат сирени. Внатре во амбасадата вработените ја слушнаа оваа порака преку звучникот: „Во комплексот се случи експлозија предизвикана од ракета“.

Немаше непосреден коментар од авганистанските власти. Мисијата на НАТО, која е во близина, исто така рече дека ниту еден член на персоналот не бил повреден.

Ова е првиот голем напад во главниот град на Авганистан откако претседателот Доналд Трамп нагло ги прекина разговорите меѓу САД и талибанците викендов, на кои требаше да се постигне договор за ставање крај на најдолгата војна на Америка.

Две талибански автомобил-бомби го потресоа Кабул минатата недела, при што загинаа неколку цивили и двајца членови на мисијата на НАТО. Трамп смртта на еден американски војник во една од тие експлозии ја наведе како причина зошто тој сега ги нарекува разговорите меѓу САД и талибанците „мртви“.

9/11 е деликатен ден во главниот град на Авганистан. Инвазијата предводена од САД во Авганистан, непосредно по нападот во 2001 година, ги распарчи талибанците, кои го штитеа Осама бин Ладен, лидер на Ал каеда и мозокот зад 9/11.

Во скоро 18-те години борби од тогаш, бројот на американските војници во Авганистан се искачи на 100.000 и драматично падна откако Бин Ладен беше убиен во соседен Пакистан во 2011 година.

Сега таму има околу 14.000 американски војници и Трамп го нарече „смешно“ тоа што тие сè уште се наоѓаат во Авганистан по толку долго време и толку многу потрошени милијарди долари.

Не се знае дали ќе продолжат разговорите меѓу САД и талибанците.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе