Едно лице загина

Експлозија и пожар во хидроелектраната во Дубровник: Се трага по исчезнатите работници

Пожарот е изгасен а причината се смета дека е од техничка природа, екипите на терен и пожарникарите продолжуваат да ги бараат исчезнатите работници.

За време на пожарот во хидроелектраната имало 9 лица, изјави шефот на полицијата во Дубровник, Иван Павличевиќ, пренесе Слободна Далмација.

Шестмина се извлечени, додека тројца се водат за исчезнати во пожарот што избувна во Хидроелектраната Дубровник во местото Плат.

Неофицијално, пренесе Слободна Далмација дека е пронајдена облеката на тројцата по кои се трага во пожарот, и дека се сокриле во одводниот канал од кој најверојатно тргнале да пливаат надвор.

„Пристигнаа и нуркачи кои ќе ги пребаруваат одводните канали и местата каде што излегува водата од хидроцентралата“, рече Стјепко Криланович, командант на ЈВП Дубровник.

Началникот на полицијата, Иван Павличевиќ потврди дека безживотното тело на еден од тројцата исчезнати работници е пронајдено во одводниот канал, а нуркачите го извлекле на површина. За останатите двајца сѐ уште се трага.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе