Локалните власти објавија и дека во експлозиите се ранети пет лица.
Руското министерство за одбрана објави дека дошло до детонации на повеќе парчиња авионска муниција, но не наведе што ги предизвикало експлозиите. Москва, за разлика од властите на Крим, тврди дека во експлозиите никој не е повреден.
„На 9 август, околу 15:20 часот, на територијата на аеродромот Саки кај населбата Новофјодоровка, експлодираа повеќе парчиња авионска муниција. Од последиците на експлозиите никој не е повреден“, се наведува во соопштението.