Експлозии во магазин за муниција на Кипар, областа е блокирана (ВИДЕО)

Неколку експлозии утринава разнесоа магацин за муниција на северот на Кипар, откако во воената зона изби пожар, а неколку лица добија полесни повреди од искршено стакло, соопшти министерот за надворешни работи на кипарските Турци Кудрет Озерсаи.

На својата фејсбук-страница тој напиша дека областа е „запечатена“ бидејќи експлозиите продолжуваат.

Наведе дека пожарот е локализиран и дека сѐ уште не е познато што ја иницирало првата експлозија, која се случила во 1:30 часот по полноќ.

Магацинот се наоѓа во воената зона источно од Киренија, историскиот пристаништен град на северниот брег во регионот што го посетуваат туристи, јавува Ројтерс.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе