Нема жртви ниту повредени

Експлозии во фабриката за оружје во Чачак: „Сè се тресе, страшно е“ (ВИДЕО)

Низа силни експлозии проследени со детонации во фабриката за оружје Слобода синоќа ги разбудија жителите на Чачак во Србија и ги принудија да излезат на улиците. За среќа, немаше човечки жртви или повредени, пишува Б92.

Фото: Инстаграм

Во моментот на експлозијата во фабриката имало 60 работници и сите се безбедни.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат голем пожар проследен со силни детонации.

Според медиумите, најсилната детонација се случила во 3.20 часот, проследена со друга во 3.22 часот, кои го затресле целиот град. Првата експлозија се случила во 1:30 часот, а одекнувало сѐ до 4 часот.

„Во серијата експлозии што се случија во фабриката Слобода немаше човечки жртви или повредени. Нема причина граѓаните да бидат загрижени. Евакуирани се 30 работници во компанијата и жителите во близина. Членовите на противпожарната бригада се на самото место“, пишува во соопштението на градоначалникот Милун Тодоровиќ.

Работничка што во моментот на експлозијата била во фабриката „Слобода“ во Чачак изјавила дека во моментот на експлозијата работела со уште осум колеги во погонот за режење.

„Успеавме да излеземе, да стигнеме до една зграда и да влеземе во бетонски подрум. Таа зграда нема прозорци и буквално е закопана во земја. Сè уште сме во тој подрум. Се слушаат детонации, сè се тресе. Страшно е“, рече таа.

Локалните жители велат дека морале да побегнат од дома.

„Моравме да побегнеме од дома затоа што живееме близу фабриката, едвај извадивме жива глава“, рече Јелена од Чачак. Според неа, шрапнели летале на сите страни, а горел и еден магацин.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе