Експлодирала бомба во болница во Хонг Конг

Во болница во Хонг Конг експлодирала мала експлозивна направа од домашна изработка и е извршена евакуација. Маскирани антивладини демонстранти претходно бомбардирале објект предвиден за карантин за евентуалните жртви на коронавирусот, пренесе Ројтерс.

Експлозивната направа била скриена во тоалетот во Медицинскиот центар Каритас и експлодирала во 02:30 часот наутро по локално време.

Евакуирани се околу 20 пациенти, по што специјална единица извршила увид на местото на настанот. Никој не е повреден во експлозијата.

Единицата за отстранување експлозиви „откри сомнителна бомба во тоалетот, долга 15 сантиметри, со дијаметар 10 сантиметри", соопшти полицијата.

„Тие зедоа парчињата од сомнителната бомба за понатамошно испитување и евакуираа околу 20 лица на безбедно место. Никој не е повреден", додадоа тие.

„Експлозијата предизвика многу чад и мал пожар“, изјави пред новинарите главниот инспектор Кевин Чонг Киу-ваи, додавајќи дека бомбата не била „многу моќна“ и не направила голема штета. Засега не е познато кој стои зад експлозијата.

Вчера, маскирани антивладини демонстранти фрлиле молотов коктел во празен јавен објект, каде властите имале намера да воспостават карантин за луѓето кои е можно да се заразени со смртоносниот коронавирус.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе