„Намерен обид за убиство“

Експлодирала бомба на границата со Ирска, полицијата „намамена“ до експлозијата (ВИДЕО)

Бомба чија мета биле полициски службеници експлодирала утрово во северноирското место Њутнбатлер, недалеку од границата со Република Ирска, без жртви.

Локалната полиција за експлозијата ја обвини Ирската републиканска армија.

Полицијата во саботата вечер добила информација дека сомнителна направа е оставена во подрачјето Вотл бриџ, и во недела наутро е започната потрагата.

Полицијата била во областа за време на експлозијата како дел од безбедносната операција.

Но првично пронајдената направа била мамка.

Втората направа експлодирала за време на пребарувањето на поширока област, стотина метри од местото на мамката.

„Цврсто сум убеден дека станува збор за намерен обид да се намамат и повредат или убијат полицајците и колегите од антитерористичката единица. Исто така, фактот дека направата била поставена на главниот пат можела да претставува сериозен проблем за секој во близина“, се наведува во изјавата на началникот на локалната полиција Констабл Стивен Мартин.

Одговарајќи на прашањата во врска со осомничените, Мартин вели дека „ИРА е добра почетна точка за секоја истрага“, додавајќи дека „нивото на активностите на ИРА оваа година е зголемено“, осврнувајќи се и на групите создадени од ИРА, како што е т.н. Нова ИРА.

Оваа и други слични групи тврдат дека ја претставуваат Ирската републиканска армија, историскиот борец за обединување на Ирска. Северна Ирска е дел од Велика Британија.

Можноста за нерегулиран излез на Велика Британија од ЕУ ги зголеми тензиите во Северна Ирска. Брегзит со себе носи опасност од повторно воведување граница помеѓу Ирска и Северна Ирска, која е укината со мировниот договор од 1998 година. Овој договор, познат како Договор на Велики петок, стави крај на тридецениски конфликти меѓу унионистите и републиканците во Северна Ирска.

Членови на една од групите создадени од ИРА во април убија новинарка за време на насилни протести во Лондондери.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе