„Експлодира“ бројот на сипаници во светот, велат СЗО и УНИЦЕФ

СЗО во последните месеци постојано алармираше за опасноста од „апсолутна катастрофа“ ако не се запре опасното одложување на вакцинацијата на децата поради пандемијата на ковид-19 и ако здравствените рестрикции се укинат пребрзо.

Фото: ЕПА

Како резултат на тоа бројот на случаите на морбили скокна за 79 отсто во првите два месеци на 2022 година, според податоците на СЗО и УНИЦЕФ. Овие две агенции на ОН сега стравуваат од појава на сериозни епидемии на морбили, мошне заразна вирусна болест, која би можела да погоди „милиони деца“ оваа година.

Во светот во јануари и во февруари се пријавени 17.338 случаи на морбили, додека во првите два месеци од 2021 година ги имало 9.665. Меѓутоа, бројките веројатно се повисоки, зашто пандемијата ги наруши системите на надзор.

Најдобра заштита од морбилите, кои го добија името по карактеристичните црвени дамки по целото тело, е мошне високиот опфат со вакцинација.

Во последниве 12 месеци – до април, забележани се 21 голема епидемија на морбили, главно во Африка и во регионот на источен Медитеран.

Земји што забележаа најголеми епидемии на морбили од минатата година се Сомалија, Јемен, Нигерија, Авганистан и Етиопија.

Бидејќи овие сипаници се мошне заразни, случаите се јавуваат кога ќе падне нивото на вакцинацијата. Двете агенции на ОН стравуваат дека епидемиите на морбилите се предзнак за избувнување на други болести што се шират побавно.

Во 2020 година 23 милиони деца низ целиот свет не ги примиле основните вакцини, што е најголем број од 2009 година, и 3,7 милиони повеќе од 2019 година, според СЗО и УНИЦЕФ.

„Пандемијата на ковид-19 ја наруши имунизацијата, здравствените системи се преоптоварени и сега забележуваме повторна појава на смртоносни болести, меѓу кои и сипаници. За многу други болести влијанието на нарушувањата во вакцинацијата ќе се чувствуваат со децении“, предупредува шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Сега е време основните програми на имунизацијата да се вратат на вистинскиот пат и да се почнат кампањи за надоместување за сите да може да имаат достап до вакцините што спасуваат живот“, повика тој.

Ризикот од големи епидемии расте како што земјите ги ублажуваат превентивните мерки преземени во борбата против ковид-19, како што е почитување на физичка дистанца.

„Охрабрувачки е да се види дека луѓето во многу заедници почнуваат да се чувствуваат доволно заштитени од ковид-19 за да ги продолжат повеќето општествени активности. Но во земјите каде што децата не ги примаат рутинските вакцини ова создава совршени услови за ширење болести како што се малите сипаници“, предупреди директорката на УНИЦЕФ Катерин Расел.

Бегањето на милиони луѓе поради судирите и кризите во Украина, Етиопија, Сомалија и Авганистан, меѓу другите, исто така го зголемува ризикот од епидемија меѓу веќе мошне ослабената популација.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе