Експертите предупредуваат: во светот има 13.865 парчиња нуклеарно оружје

Вкупниот број на нуклеарните боеви глави во светот падна минатата година, но земјите што поседуваат нуклеарно оружје го модернизираат својот арсенал.

Ова е наведено во денешниот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот (СИПРИ) со седиште во Стокхолм.

САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина, Индија, Пакистан, Израел и Северна Кореја имаа околу 13.865 нуклеарни оружја во почетокот од 2019 година, или околу 600 помалку отколку во почетокот на 2018 година.

Сепак, во извештајот се наведува дека во исто време нуклеарните сили го модернизираат својот арсенал. „Во светот има помалку нуклеарно оружје, но е поново“, рече директорот на програмата за контрола на нуклеарното оружје во Институтот и автор на извештајот, Шенон Кајл.

Намалувањето на нуклеарното оружје во последниве години главно доаѓа од САД и Русија, чии арсенали сè уште претставуваат повеќе од 90 проценти од светското нуклеарно оружје.

Двете земји ги исполнуваат своите обврски според новиот договор СТАРТ потпишан во 2010 година, кој предвидува ограничен број функционални боеви глави и уништување на старите боеви глави од Студената војна.

Кајл посочи и на неколку загрижувачки трендови, како што e трупањето нуклеарно оружје на двете страни од границата меѓу Индија и Пакистан, со што се зголемува ризикот од конвенционален конфликт што може да прерасне во нуклеарен судир.

Во извештајот се додава дека постои и генерализирана тенденција на „нагласување на важноста“ на нуклеарното оружје, со промена во стратегиската доктрина, особено во САД, кои му даваат поголема улога на ова оружје во воените операции и дебатите за националната безбедност.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе