Експертите на СЗО во Вухан го испитуваат потеклото на коронавирусот

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) денес ги продолжија своите истражувања за потеклото на коронавирусот во Вухан, при што покрај болницата која прва прими пациенти со ковид-19, треба да го посетат и Институтот за вирологија и пазарот.

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Излегувајќи од четиринаесетдневниот карантин, членовите на тимот ја посетија, со придружба, болницата Џининтан во Вухан, првата установа која прими пациенти заболени од, во тоа време, мистериозниот вирус.

Нивниот точен распоред сè уште не е познат со оглед на тоа што главниот извор на информации се нивните твитови и оние на СЗО, додека Кина речиси ја премолчува посетата, што може да биде политички многу чувствителна за нив.

Сепак, постои сомнеж за тоа колку експертите можат да соберат податоци после повеќе од една година од почетокот на пандемијата и со кинеските власти познати по нетранспарентноста за темите што можат да предизвикаат полемики.

Светската здравствена организација се обиде да ги намали своите очекувања во петокот.

„Сакам да го предупредам целиот свет: за истражувањето за преносот на болеста од животно на човек да биде успешно, не е нужно да се најде изворот на првиот пренос“, им рече на новинарите директорот за итни операции на СЗО Мајкл Рајан.

И покрај „многу, многу густиот распоред“ на групата експерти во Вухан, Рајан не даде премногу детали за нивната програма. Сепак, тој ги спомена Институтот за вирологија во Вухан и градскиот пазар каде што се продаваа живи егзотични животни и каде вирусот можел да се пренесе на човек.

Администрацијата на Трамп изнесе хипотеза дека вирусот „избегал“ од Институтот за вирологија и ги заразил истражувачите.

Кина, обвинета дека премногу доцна реагирала на првите случаи на ковид-19, од минатата година се обидува да го сврти вниманието на медиумите кон својата успешна борба против епидемијата.

Според официјалните податоци, само две лица починале од коронавирус од средината на мај, а Кина пријави 4.636 смртни случаи од почетокот на пандемијата, во спротивност на повеќе од 2,1 милиони смртни случаи ширум светот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе