По пристигнувањето, експертите се тестирани на коронавирус и мора да бидат во карантин две недели.
Експертите ќе соработуваат со кинески научници за да испитаат дали може да се следи вирусот до неговото потекло.
Новиот коронавирус што ја предизвикува болеста ковид-19, првпат беше откриен пред повеќе од година дена во централната кинеска метропола.
Потрагата по потеклото на вирусот е политички чувствителна - Кина стравува дека ќе биде идентификувана како виновник за пандемијата на коронавирусот, истакнува агенцијата Дпа.
Кинеските власти со месеци се сомневаат дали вирусот воопшто потекнува од Кина.
Тие посочуваат на непотврдени извештаи дека првите случаи на зараза се можни и во други земји.
Тие исто така велат дека трагите на вирусот на увезени замрзнати производи се доказ дека вирусот можел да дојде од странство.
Од друга страна, експертите се сомневаат дека лилјаците од јужна Кина се оригинални носители на болеста.
Кинеските здравствени власти во четвртокот ја потврдија првата смрт од ковид-19 во последните осум месеци. Исто така, се појавија нови 138 случаи на зараза, што е најголем дневен број од март досега.
Смртниот случај е забележан во провинцијата Хебеј, каде неодамна неколку градови се ставени во карантин по појавата на нови инфекции.
Последниот смртен случај поврзана со коронавирусот во Кина е пријавен во мај 2020 година.
Официјалната статистика вели дека досега во Кина починале 4.635 лица како последица на инфекција со коронавирус.