Експерти на ОН бараат меѓународна истрага за труењето на Навални

Експертите за човекови права на Обединетите нации во понеделникот повикаа на меѓународна истрага за труењето на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални и рекоа дека досегашните докази сугерираат дека „многу веројатно се вмешани" руски владини претставници.

Фото: ЕПА

Неговото труење беше дел од трендот на нелегални убиства и обиди за убиства на критичари во земјата и во странство, дизајнирани да испратат „застрашувачко предупредување“, велат Агнес Каламард, специјална известувачка на ОН за вонсудски, самоволни егзекуции и Ирин Кан, експертка при ОН за слободата на мислењето и изразувањето.

44-годишниот Навални се разболе во Сибир и беше префрлен во Германија, каде соопштија дека пронашле докази дека бил отруен со новичок, забранет нервен агенс.

Русија негира каква било улога во неговата болест и вели дека не видела доказ дека е отруен.

По петмесечно закрепнување во Германија, Навални се врати во Русија во јануари. Тој беше уапсен при пристигнувањето и осуден на две и пол години затвор за кршење на одредбите на условната затворска казна.

„Со оглед на несоодветниот одговор на домашните власти, употребата на забрането хемиско оружје и очигледната шема во обидите за намерни убиства, веруваме дека треба итно да се спроведе меѓународна истрага за да се утврдат фактите и да се разјаснат сите околности околу труењето на Навални“, се вели во изјавата на експертките на ООН.

Каламард и Кан исто така го објавија текстот од писмото до руските власти од 30 декември, во кое ја известуваат Москва дека го истражуваат труењето.

Во писмото се вели дека доколку обвинувањата се докажат, руски официјални лица кривично ќе одговараат за „учество или наредба или обид за убиство, или затоа што не обезбедиле подредените да не учествуваат во тие дејства“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе