Експерти објавија дека во бејрутското пристаниште има уште најмалку 20 контејнери со опасни хемикалии

Хемиски експерти и пожарникари работат на обезбедување на уште најмалку 20 потенцијално опасни контејнери со хемикалии во од експлозијата разурнатото бејрутско пристаниште, откако откриле дека еден истекува, соопшти член на францускиот тим.

EPA-EFE

Некои контејнери напукнале во смртоносната експлозија која на 4 август го стресе пристаништето и главниот либански град, кажа поручникот Антони, француски хемиски експерт кој нема овластување да го каже целото име во согласност со политиката на владата.

Француските и италијанските хемиски експерти досега идентификувале над 20 контејнери со опасни хемикалии, кажа Антони.

„Забележавме контејнери со ознака за хемиска опасност и потоа видовме дека еден од нив протекува“, објасни тој за Асошиејтед прес.

Експертите соработуваат со либанските пожарникари за да ги обезбедат сите контејнери и да ја анализираат нивната содржина.

Антони не кажа за какви хемикалии станува збор, ниту изнесе повеќе детали.

Либанските власти досега не ги коментираа потенцијалните хемиски ризици во пристаништето.

„Има и други запалливи течности во други контејнери. Таму има и батерии и други видови производи кои можат да го зголемат ризикот од потенцијална експлозија“, кажа Антони.

Во екслозијата од минатиот вторник загинаа најмалку 160 луѓе и повредени се околу 6.000.

Се верува дека експлозијата била предизвикана од пожарот кој детонираше необезбедни резерви од 2.750 тони високо експлозивен амониум нитрат кои стоеле во пристаништето од 2013 година и покрај многуте предупредувања на опасноста.

Хемиските експерти се дел од францускиот тим кој допатува во Либан за да помогне во потрагата по телата на загинатите, згрижувањето на повредените и расчистувањето на градот по експлозијата.

Во тимот има и речиси 50 француски полицајци кои во Бејрут треба да утврдат што се случило.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе