Порака до земјите од светот

Експерт на СЗО: Размислувајте како вирусот да ќе се појави утре

Земјите низ светот мора да се подготват за избивање на епидемија на новиот коронавирус и да бидат спремни брзо да реагираат кога тој ќе стигне до нив, изјави денес експерт на Светската здравствена организација (СЗО).

„Размислувајте како вирусот да ќе се појави утре“, кажа д-р Брус Ајлвард, шефот на заедничката мисија на СЗО и Кина.

„Ако не размислувате така, нема да бидете спремни“, додаде тој во изјавата на новинарите во Женева по враќањето од Кина.

Ајлвард неколку пати повтори дека е важно да се едуцира јавноста за коронавирусот. „Бидете организирани, искористете го времето кое го имате на располагање бидејќи тоа ќе сочува бројни животи“, истакна тој.

Ајлвард кажа дека кинеската „неверојатна мобилизација“ во сузбивањето на вирусот покажала дека агресивна политика на јавното здравство може да го сузбие ширењето на болеста.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе