Еколошка катастрофа: танкерот во Кинеското Море „ненадејно пламна“ и потона (ВИДЕО)

Иранскиот танкер кој со денови гореше во Источното Кинеско Море и потоа отплови во јапонската економска зона потона, објави денес кинеската државна телевизија, а пренесува Ројтерс.

Танкерот Санчи, кој на 6 јануари се судри со друг брод и од тогаш неконтролирано пловеше запален, околу пладне по локално време „ненадејно пламна“ и потона, јави кинеската телевизија.

Кинеска спасувачка екипа откри вчера две тела на палубата на запалениот танкер и со тоа бројот на мртвите порасна на три. Останатите 29 членови на екипажот се водат за исчезнати.

Спасувачките екипи се обидоа да стигнат до кабините, но не успеаја поради температурата од околу 89 степени Целзиусови на запалениот танкер. Спасувачка екипа успеа да ја најде црната кутија на бродот.

Иранскиот танкер Санчи се запали пред една недела по судир со кинески товарен брод 165 наутички милји од Шангај.

Деситици кинески и јужнокорејски спасувачки бродови со денови се бореа со силните ветришта, високите бранови и отровните гасови во обид да спречат еколошка катастрофа и да ја утврдат судбината на триесетината исчезнати морнари.

Бродот превезуваше ултралесен вид нафта познат како кондензат кој е поопасен од сировата нафта за животната средина. На бродот имаше 136 илјади тони кондензат, што е еквивалент на милион барели нафта.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе