ЕК покренува постапка против Велика Британија

Европската комисија (ЕК) во четвртокот покрена постапка против Велика Британија поради кршење на договорот за повлекување од Европската унија.

EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU

ЕК испрати писмо со предупредување до Лондон, што е прв чекор во постапката поради кршење на правата на Унијата. Велика Британија има еден месец да одговори.

Доколку не е задоволна од тоа, ЕК може да испрати образложено мислење и доколку проблемот не биде решен, да поднесе тужба пред Судот на ЕУ.

Долниот дом на британскиот парламент во вторникот го одобри нацрт-законот со кој се доведуваат во прашање некои од обврските на Велика Британија според Договорот за разидување со ЕУ, и покрај заканите од судот во Брисел и несогласувањата во рамките на Конзервативната партија.

Според договорот, двете страни мора да преземат соодветни мерки за да обезбедат исполнување на обврските што произлегуваат од тој договор.

Со донесување на спорниот закон: „Обединетото Кралство ја прекрши својата обврска да постапува во добра волја, како што е предвидено во член 5 од Договорот за разидување. Затоа ЕК започнува постапка поради кршење на правото на Унијата во согласност со одредбите од Договорот за разидување“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Со спорниот закон се менува протоколот за царински аранжмани за Северна Ирска, што беше едно од најтешките прашања во преговорите за разидување. Овие најави особено ја загрижуваат Ирска, која единствено има копнена граница со Велика Британија, но и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија.

Договорот за разидување стапи на сила на 1 февруари 2020 година и негов клучен дел е Протоколот за Ирска/Северна Ирска, кој има за цел да ги заштити мирот и стабилноста на островот.

Во исто време, оваа недела во Брисел се одржува последната рунда преговори за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, кои досега не резултираа со никаков напредок.

Бидејќи на последниот ден од оваа година истекува преодниот период за време на кој Велика Британија се третира како членка на ЕУ, но без право на одлучување, има сè помалку време за нов договор.

Без договор за идните односи, ќе дојде до ненадеен прекин на врските што биле создавани за време на британското членство од 1973 година.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе