Сателитските снимки покажуваат километарски колони на границите на Русија (ФОТО+ВИДЕО)

Сателитските слики покажуваат огромни редици камиони и автомобили кои чекаат да ја преминат границата од Русија во Грузија на контролниот пункт Ларс, објави Скај њуз.

Фото: скриншот

Најавата за делумна мобилизација предизвика протести и егзодус од цела Русија. Сателитските снимки, кои ги објави „Максар“, се направени во текот на изминатите денови.

На нив се гледа колона од автомобили и камиони долга 16 километри северно од граничниот премин. Компанијата објави и слики од друг премин меѓу Русија и Монголија на граничниот премин Хајагт.

„Некста“ објави снимка од дрон на која се гледа бескрајна колона возила кон границата со Грузија. „Вака изгледа Верни Ларс од дрон. Огромна редица автомобили“, напишаа тие.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе