Египет го заплени бродот Евер гивен, бара наплата на отштетата

Египетски суд го потврди запленувањето на бродот Евер гивен кој неодамна го блокираше Суецкиот канал и ја отфрли жалбата на сопственикот на бродот.

EPA-EFE

Властите во Египет го запленија огромниот товарен брод Евер гивен, кој во март цела недела го блокираше поморскиот сообраќај во Суецкиот канал, со што беше сопрена стока вредна неколку милијарди долари.

Управата на Суецкиот канал соопшти дека на бродот нема да му биде дозволено да ја напушти земјата сè додека не исплати компензација. Управата побара обесштетување од 916 милиони долари.

Долг колку четири фудбалски игралишта, товарниот брод кој пренесува стока меѓу Азија и Европа се насука во март во тесниот вештачки канал кој ја дели континентална Африка од Синајскиот Полуостров.

Бродот го сопре движењето низ Суецкиот канал каде минува повеќе од 10 отсто од меѓународната поморска трговија. Повеќе од 300 бродови една недела чекаа на двата краја на тунелот кој ги поврзува Црвеното Море и Средоземното Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе