„Едноставно монструозно“

Путин: Подучувањето на малите деца дека лесно можат да го променат полот се граничи со злосторство против човештвото (ВИДЕО)

Кампањата која зема замав на Запад за отстранување на родово заснованиот говор му пркоси на разумот и ја поткопува човечката природа, рече рускиот претседател Владимир Путин, тврдејќи дека децата не треба да се подучуваат дека биолошкиот пол не постои, пренесе РТ.

Фото: ЕПА

„Дискусијата за правата на мажите и жените во голем број западни земји се претвори во целосна фантазмагорија “, рече Путин во говорот пред државниците и новинарите во клубот за дискусија Валдаи во Сочи, Русија во четвртокот. „Оние кои ризикуваат да кажат дека мажите и жените сè уште постојат и дека ова е биолошки факт, практично се отфрлени“.

Тој наведе примери, како што се забраната на зборовите „мајка“ и „татко“ во корист на термините „родител еден и родител два“, како и „забрана на фразата ‘мајчино млеко’ и нејзино заменување со ‘човечко млеко’, така што луѓето несигурни за својот пол да не се вознемират“.

„И ова не е ново“, продолжи рускиот претседател. „Во 1920-тите, советските културни воини измислија таканаречен ‘новговор’, верувајќи дека на овој начин ќе создадат ново чувство на свест и ќе ги редефинираат вредностите на луѓето“.

„Да не зборуваме дека ова се работи кои едноставно се монструозни“, додаде тој, „кога децата уште од мали се учат дека момчето лесно може да стане девојче и обратно. Всушност, тие ги индоктринираат во наводниот избор што наводно е достапен за секого - ги отстрануваат родителите од равенката и го принудуваат детето да донесува одлуки што можат да му го уништат животот“.

„Ова се граничи со злосторство против човештвото - сето тоа под превез на ‘напредок’“, рече тој.

Во 2019 година, Путин инсистираше на тоа дека Русија одржува „многу релаксиран став кон ЛГБТ заедницата“, велејќи: „Немаме предрасуди кон нив“. Сепак, додаде тој, „да им дадеме на децата можност да пораснат и потоа да одлучат кои сакаат да бидат. Оставете ги на мира“.

Во 2013 година земјата воведе закон со кој се забранува „промоција на нетрадиционални сексуални вредности кај малолетници“ како дел од нацрт-законот дизајниран да ги заштити семејните вредности. Иако во тоа време беше критикуван од голем број меѓународни групи за човекови права, Путин рече дека мерките се важни за заштита на децата.

„Не се загрижувам за ориентацијата на некоја личност, и самиот познавам некои луѓе кои се геј. Во пријателски односи сме. Немам никакви предрасуди“, додаде тој тогаш.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе