Реакторот 4

Едно од најопасните места во светот: Контролната соба во Чернобил отворена за најхрабрите (ВИДЕО)

Мрачната внатрешност на чернобилската контролна соба на Реакторот 4, во која се случи разорната експлозија во 1986 година, сега е официјално отворена за туристите – ако се спремни да облечат костим за хемиска заштита пред влегувањето и да се подложат на радиолошки испитувања по излегувањето.

На туристите кои го посетуваат местото на трагедијата од 1986 со децении им беше дозволено да ги посетуваат само напуштените школски дворишта, забавните паркови и хотелите во близина на нуклеарната централа, додека пристапот до озлогласениот Реактор 4 досега им беше дозволен само на научниците и неколку новинари.

Меѓутоа, од сега и бестрашните туристи ќе можат да влезат во контролната соба во која почна најголемата нуклеарна несреќа во светот.

Бидејќи нивото на радијација во собата и денес е 40.000 пати повисоко од вообичаеното, посетителите задолжително ќе мора да носат „хазмат“ одело, кацига, маска и индустриски чизми. Посетите се ограничени на пет минути, а по нив туристите задолжително ќе бидат подложени на радијациско тестирање.

Овој потег е дел од владиниот напор за поттикнување на туризмот во таа област, откако претседателот Володимир Зеленски во јули потпиша декрет со кој Чернобил е прогласен за официјална туристичка атракција.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе