Тензии на северот на Косово

Едно лице тешко рането во Звечан, полицијата се повлекува (ВИДЕО)

Еден Србин е тешко ранет за време на акција на косовската полиција во Звечан, застрелан е во грб, јавуваат косовските медиуми.

EPA-EFE

Косово онлајн јавува дека тој се наоѓа во тешка состојба.

„Повредата е нанесена со огнено оружје, застрелан е во пределот на градниот кош. Повредени му се лопатката и ребро, го спремаме за операција за да го извадиме куршумот. Тој се наоѓа на интензивна нега и е во тешка состојба“, кажа хирургот Златан Елек, директор на Клиничко-болничкиот центар Косовска Митровица.

Во меѓувреме припадниците на косовската полиција почнале да се повлекуваат од Звечан, а на земјата останале чаури од боева муниција.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петкови кажа дека оваа акција е спроведена „по налог на психопатот Курти“. Тој потврди дека е ранет 36-годишниот Сречко Софрониевиќ и дека лекарите се борат за неговиот живот.

Истакна дека косовската полиција отворила оган врз „голоракиот српски народ“.

„Сето ова е директно масло на психопатот Аљбин Курти кој сака да предизвика поголема криза и да им се одмазди на Србите освојувајќи го северот“. Тој праша што ќе преземат КФОР и НАТО „чија обврска според Резолуцијата 1244 е да го бранат српскиот народ“.

„Ако КФОР не е спремен да го заштити српскиот народ, има кој е“, истакна Петковиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе