Третина од човештвото е во изолација

Денес во Индија стапи на сила наредба 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели, што значи дека третина од човештвото поради коронавирусот е во изолација.

По одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди жителите на најнаселената земја во светот по Кина да останат дома три недели, бројот на луѓето во изолација во светот се искачи на 2,6 милијарди.

„Да се спаси Индија, да се спаси секој граѓанин, ти, твоето семејство... секоја улица и секоја населба се става во карантин“, порача Моди синоќа во телевизиското обраќање до нацијата, пренесе АФП.

Кина во средата ги укина драстичните ограничувања наметнати пред неколку месеци во провинцијата Хубеи, жариштето на пандемијата на коронавирусот, која од декември досега однесе повеќе од 19.000 животи низ целиот свет.

Пекинг во вторникот објави дека ќе го укине карантинот за повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, воведена во јануари, па сега можат да патуваат ако се здрави. Некои аеродроми и железнички станици повторно работат. Но, училиштата во оваа фаза се сè уште затворени, а жителите на Вухан, од каде почна заразата, ќе треба да почекаат до 8 април за да можат да патуваат надвор од градот.

Во последните 24 часа во земјата не е откриен ниту еден случај на локална зараза, но во тој период има забележано 47 случаи кои дошле од странство, соопштија кинеските здравствени власти.

Низ целата планета, бројот на жртвите од вирусот ковид-19 продолжува да расте. Вирусот однесе повеќе од 19.000 луѓе, а 420.000 биле заразени, од кои половина во Европа.

Ситуацијата во Европа е сè уште е критична, а најпогодена земја е Италија.

Во таа земја, бројот на смртни случаи во еден ден порасна за 743, откако во претходните два дена беше забележана надолна траекторија, по рекордните 793 смртни случаи во саботата. Сепак, новите случаи на зараза пораснаа втор ден по ред за само осум проценти што е најмалку од почетокот на кризата во Италија.

Во меѓувреме, Ирска одлучи да ги затвори компаниите кои не се неопходни за функционирање на земјата, Велика Британија планира да изгради болница со 4.000 кревети, а Шпанија го повика на помош НАТО.

Африканските земји, со често лоши здравствени системи, ги зголемуваат мерките за борбата против коронавирусот бидејќи бројот на заразени и мртви расте.

Скоро 130 милиони Американци, 40 проценти од населението, е во некаква форма на изолација, или наскоро ќе бидат. Оваа мерка ја опфаќа и најголемата држава Калифорнија.

Претседателот Доналд Трамп изрази надеж дека бизнисите во Америка до средината на април ќе продолжат со работа, но тој оптимизам тешко го делат светските лидери кои воведуваат ограничувања на движењето во обид да го спречат ширењето на болеста.

Иако на Соединетите Држави им се заканува експоненцијално ширење на вирусот, и покрај тоа што многу влади ги слушаат експертите кои тврдат дека единствениот начин за забавување на пандемијата е „социјалното дистанцирање“, американскиот претседател Доналд Трамп смета дека мерката не е вредна за високата цена што би ја платила економијата.

Трамп, на чудење на многумина, размислува за рестартирање на економијата во април. „Нашата земја не е изградена за да биде затворена. На тој начин можете да уништите земја, затворајќи ја“, рече Трамп за Фокс њуз.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе