Една добра работа: Инспиративните пораки цветаат во пандемијава (ФОТО)

И инспирацијата е заразна.

 

Пандемијата на коронавирусот донесе илјадници пораки од туѓинец до туѓинец - на прозорци, на врати, по ѕидови и нацртани на патеки и тротоари.

Некои пораки се охрабрувачки: „Силни заедно“. „Секогаш гледајте на светлата страна на животот“.

Други се духовни: „Имајте вера“. „Исус ве сака секогаш“.

Некои се хумористични: „Стоиме обединети - на 2 метри растојание“. „Испратете тоалетна хартија!“

И има виножита. Толку многу виножита, вели АП.

Во Ковингтон, Кентаки, 16-годишните близнаци Малори и Кели Глин се вртеа со креди по патеката, чекајќи идеја.

„Ги гледав сите креативни уметнички дела создадени низ социјалните медиуми и сакав да пробам и јас, но не бев сигурна што да цртам“, рече Малори. Таа проверувала на Инстаграм и видела порака со креда: „Априлското дистанцирање носи мајско егзистирање“.

Малори нацртала мапа на Кентаки со таа порака под неа. Наскоро луѓето почнале да застануваат и да фотографираат со мобилен телефон за да споделат со своите пријатели. Соседите се смешкале.

„Мислам дека тоа малку им го разведри денот“, рече Малори.

Во Хомвуд, Алабама, професионалниот сликар на знаци Шон Фицвотер сакал да го употреби талентот за да ги развесели луѓето и минал 10 часа пишувајќи на ѕидот на една зграда „Сите сме заедно во ова“.

Луѓето наскоро паркирале преку улица за да фотографираат и да објавуваат на социјалните мрежи, а една компанија за облека ја ставила пораката на Фицвотер на маица. Маиците биле продавани за да се соберат пари за БХМкерс, почетничка непрофитна група што им помага на здравствените работници обезбедувајќи им оброци купени од локалните ресторани што се борат со пандемијата.

„Ова се претвори во нешто поголемо отколку што очекував“, рече тој.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе