Тој, како што јавува подгорички Вијести, таму се сретнал во еден ресторан со Ник Ѓељошај, носителот на изборната Албанска листа.
Ресторанот бил полн со гости, а изворот на Вијести вели дека се задржале повеќе од еден час.
Ѓељошај за Вијести потврдил дека се сретнал со Рама, но не сакал да зборува за деталите на средбата.
„Да, се сретнавме денес и разговаравме. Не би можел да ви кажам ништо повеќе од тоа“, кажал кратко Ѓељошај.
Изворот на Вијести тврди дека тема на средбата била постизборниот процес и формирањето на ново парламентарно мнозинство во Црна Гора.
Рама во кампањата пред неодамна одржаните парламентарни избори ги подрржа Мило Ѓукановиќ и ДПС.