Еди Рама: Видов карта со промена на границите на Западен Балкан, немам коментар

Премиерот на Албанија, Еди Рама, го коментираше „нон-пејперот“ на премиерот на Словенија, Јанез Јанша, велејќи дека постои мапа на која се сменети границите на земјите од регионот на Западен Балкан. Според албанските медиуми, Рама како гостин во емисијата „Избори 2021 на В+“, рекол дека мапата ја видел уште пред да му ја покаже неговиот словенечки колега Јанез Јанша.

Фото: ЕПА

„Разговаравме пред извесно време. Исто така, го видов овој документ што излезе. Немам коментар“, рече Рама.

Во четвртокот словенечкиот портал Нецензурисано објави документ „нон пејпер“ за кој се тврди дека е копија на оригиналниот документ што се однесува на промена на границите на земјите од Западен Балкан. Според документот, се предлага редефинирање на границата меѓу Косово и Србија, обединување на Косово со Албанија, обединување на деловите со албанско мнозинство на Македонија и Црна Гора со Албанија, можност за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина.

Европската Унија неколку пати рече дека не знае за таков документ. Словенечкиот премиер Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската Унија во втората половина на оваа година, напиша дека тврдењата за ваков документ се насочени кон „наштетување на Словенија во ЕУ“.

„Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и европската иднина за земјите од Западен Балкан и токму ваквите пишувања се обидуваат да ја спречат оваа цел“, напиша Јанша на социјалните мрежи, но реакциите продолжија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе