Во близина на Москва

Еден од руските авиони што денес принудно слетаа речиси нечепнат во поле со пченка (ФОТО+ВИДЕО)

Сплескани стебла со пченки и вдлабен „нос“ се најголемата штета на принудното слетување во близина на Москва.

На снимката се гледа ситуацијата и речиси нечепнатиот авион по слетувањето. Рускиот Истражен комитет веќе спровел истрага на местото на настанот, во близина на московскиот аеродром Жуковски, но наишле на нетипично „место на несреќа“. Сите 226 патници и седум члена на екипажот го преживеале принудното слетување, соопштија властите.

Кремљ соопшти дека ќе им додели државни медали на двајцата пилоти што го извршиле успешното принудно слетување.

Авионот на руската авиокомпанија Урал ерлајнс со 233 патници и членови на екипажот бил на пат од Москва кон Симферопол на Крим. Тој денес слета во поле со пченка покрај Москва откако удрил во јато птици.

Полесно се повредени 23 патници, вклучувајќи 9 деца.

Принудното слетување било извршено поради уништените мотори и за да се избегне избивање пожар.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе