Еден од основачите на Шарли ебдо до убиениот уредник: Го одвлечка целиот тим во смрт

Еден од основачите на Шарли ебдо му упатил денес критика на убиениот уредник на неделникот Стефан Шарбоние дека „ги одвлечкал тимот карикатуристи во смрт“ бидејќи претерал со провокативните карикатури објавени во весникот, пренесува Индипендент.

Анри Расел, кој учествувал во 1970 во создавањето на првото издание на сатиричниот неделник, кој тогаш се викал Хара-кири ебдо, постхумно му се обратил на Шарб со зборовите „Навистина ти замерувам за ова“ во колумната објавена во левичарскиот весник Нувел обс.

80-годишниот Расел, кој пишува под псевдонимот Делфејл де Тон, изјавил дека Шарбоние бил „неверојатно момче“, но исто така и многу тврдоглав.

„Зошто чувствуваше потреба да го одвлечкаш целиот тим во претерување?“, го прашал Расел, мислејќи на карикатурите на пророкот Мухамед, кој весникот ги објавуваше на насловната страница.

Во терористичкиот напад врз сатиричниот неделник Шарли ебдо минатата среда, двајца вооружени исламисти, браќата Шериф и Саид Куачи, убија 12 луѓе, вклучувајќи некои од најпознатите француски карикатуристи.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе