Еден од основачите на ИСИС потврден од шпионите како нов водач на групата

Официјални лица го склопија профилот на Амир Мохамед Абдул Рахман ал-Мавли ал Салби.

Новиот лидер на Исламска држава е потврден како Амир Мохамед Абдул Рахман ал-Мавли ал Салби, според официјални лица од две разузнавачки служби. Тој е еден од основачите на терористичката група, го предводел поробувањето на Јазиди-малцинството во Ирак и ги надгледувал операциите низ целиот свет.

Гардијан дознал дека Салби бил прогласен за водач неколку часа по смртта на Абу Бакр ал-Багдади во октомври. Името што во тоа време групата го даде за заменик на Багдади, Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураиши, беше воено име што другите лидери или разузнавачки агенции не го препознале.

За три месеци од рацијата во која загина Багдади, регионалните и западните шпиони склопиле поцелосна слика за Салби, ставајќи го во центарот на одлучувањето на ИСИС, и го прикажуваат како тврдокорен ветеран непоколеблив во својата лојалност кон екстремистичката група.

Салби се смета за еден од највлијателните идеолози во сега расцепканите редови на ИСИС. Роден во ирачко туркменско семејство во градот Тал Афар, тој е еден од ретките неарапи меѓу раководството.

Тој е познат и по военото име Хаџи Абдула, а во некои кругови и како Абдула Кардаш - иако ирачките власти велат дека последниов бил посебна фигура на ИСИС, кој умрел пред две години.

Салби, како што сега го знаат разузнавачите, се искачувал во хиерархијата помогнат од своето минато како исламски интелектуалец и ги издал верските пресуди за обидот за геноцид врз Јазидите и за празнењето на Ниневиската Рамнина во северен Ирак во зенитот на дивеењето на ИСИС. Салби има диплома по шеријатско право од Универзитетот во Мосул. Во 2004 година бил приведен од американските сили во затворот „Камп Бука“ во јужен Ирак, каде што се запознал со Багдади. За него се верува дека има барем еден син.

Пред смртта на Багдади во американската воена рација во северозападниот дел на Сирија на 27 октомври, американскиот Стејт департмент распиша награда од 5 милиони американски долари за главата на Салби и на двајца други високи членови на групата. Салби во август бил избран како потенцијална замена за заболениот Багдади, но за потврда на неговото назначување биле потребни неколку месеци.

Оттогаш, се дознава, тој се обидува да го консолидира новото раководство на ИСИС, од кои скоро сите, освен самиот Салби, се од нова генерација, кои биле премлади за да играат улоги во главните битки на ИСИС против американските сили од 2004 година или во ирачката граѓанска војна што следуваше.

Курдските сили во северен Ирак уште од минатото лето предупредуваат дека се зачестени нападите во центарот и северот на земјата. ИСИС тврди дека извршила 106 напади помеѓу 20 и 26 декември за да се одмазди за смртта на Багдади и на шефот на пропагандата на ИСИС, Абу Хасан ал-Мухаџир, истиот ден.

Висок официјален ирачки курдски претставник рече: „Видовме значителен подем на нападите од ИСИС од средината на минатата година, при што центарот на гравитацијата сега е придвижен на југ. Сега имаме во просек 60 напади месечно преку убиства, бомби покрај патот и напади врз ирачките безбедносни сили. Нивните рурални мрежи остануваат во голем дел недопрени; на крајот на краиштата, членовите на ИСИС во Ирак сè уште добиваат месечни плати и обука во оддалечените планински области. Таа мрежа овозможува организацијата да опстојува дури и кога е воено поразена“.

Ловот по Салби се проширил и во Турција, каде што неговиот брат, Адел Салби, е претставник во политичката партија наречена Туркменски ирачки фронт. Се смета дека новиот водач на ИСИС одржувал врски со својот брат сè додека не бил назначен за лидер.

Разузнавачите не знаат каде се наоѓа тој, но велат дека е малку веројатно дека го следел Багдади во покраината Идлиб и дека би претпочитал да престојува во мала група на градови западно од Мосул.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе