Еден од највисоките кинески облакодери почна да се ниша, не се знае зошто (ВИДЕО)

Еден од највисоките кинески облакодери беше евакуиран во вторникот откако почнал да се ниша, а луѓето во паника бегале на сигурно во јужниот град Шенжен.

Screenshot

Речиси триста метри високиот облакодер СЕГ Плаза необјасниво почнал да се ниша околу 13 часот по локално време, и веднаш била спроведена евакуација на луѓето кои биле внатре, додека минувачите на околните улици гледале зачудено.

Зградата е затворена во 14 часот и 40 минути, објавија локалните медиуми.

Завршен во 2000 година, во срцето на еден од најбрзо растечките градови во Кина, облакодерот е дом на еден од најголемите пазари на електроника, а во него се наоѓаат и различни канцеларии.

Управата за вонредни состојби истражува што предизвикало нишање на облакодерот во округот Футиан во Шенжен, според објавата на платформата Веибо, слична на Твитер.

„По проверка и анализа на податоците од различни станици за следење на земјотреси низ градот, беше заклучено дека денес немало земјотрес во Шенжен“, се вели во соопштението.

„Причината за нишањето ја проверуваат различни оддели“.

Засега е непознато што ќе стори владата во случај на опасна зграда од оваа големина, лоцирана во центарот на градот со 12 милиони жители.

Видеоснимки од минувачи објавени од локалните медиуми на Веибо го прикажуваат облакодерот како се лула од темелите додека стотици преплашени минувачи бегаат.

„СЕГ е целосно евакуиран“, напиша еден корисник на Веибо во описот на видеото.

Облакодерот е именуван според производителот на полупроводници и електроника Шенжен електроникс груп, чии канцеларии се наоѓаат во таа зграда.

Според Советот за високи згради, тој е 18 највисок облакодер во Шенжен.

Кинеските власти минатата година забранија изградба на облакодери повисоки од 500 метри.

Уривање на згради не е невообичаено во Кина каде градежните стандарди се слаби, а поради неверојатната урбанизација, изградбата се одвива набрзина.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе