Еден од најголемите напади врз Лавов, оштетена железничката пруга (ВИДЕО)

Синоќа во западноукраинскиот град Лавов се слушаа многу силни експлозии, објавија странски новинари и украински претставници.

Фото: скриншот

Тимот на агенцијата Асошиејтед прес забележал силен блесок од експлозии што го осветлиле небото западно од градот нешто по полноќ по локално време.

Очевидци изброиле најмалку осум експлозии проследени со далечна експлозија. Подоцна јасно се почувствувала миризба на нешто што гори.

Во градот е во сила полициски час од 23 до 6 часот наутро.

Претседателот на регионалната воена управа на Лавов, Максим Козицкиј, изјави дека Русите ја гаѓаат воената инфраструктура во областа Јаворив. Градот Јаворив се наоѓа на околу 15 километри од полската граница.

„Во текот на ноќта агресорите испукаа ракета врз инфраструктурен објект на регионалниот железнички разгранок во областа Јаворив. Експлозијата ја оштети инфраструктурата на железницата. Нема информации за загинати или ранети“, рече тој.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, преку објава на Фејсбук рече дека нема потврдени информации дека ракетите го погодиле градот.

„За тоа им благодариме на оние што го штитат нашето небо. Наутро ќе имаме попрецизни информации. Грижете се за себе и не ги игнорирајте звуците на тревога“, напиша тој.

Садовји уште еднаш ги повика жителите да не ги снимаат „ракетните летови“ или системите за воздушна одбрана во функција. Според него, таквите видеа ѝ се потребни на „московската агенција“, а Украинците треба да му помогнат на фронтот.

Синоќа беше објавено дека Русите повторно испукале проектили врз воен објект во областа Јаворив, речиси на границата со Полска.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе