Еден од најбогатите Кинези заговара 12-часовно работно време

Еден од најбогатите луѓе во Кина неодамна заговараше 12-часовно работно време, тврдејќи дека вработените кои работат повеќе часови ќе бидат „наградени за својот труд“.

Џек Ма, основачот на платформата за интернет трговија Алибаба, во последните денови јавно ја поддржа кинеската работна практика позната како „996“, односно работење од 9 до 21 часот 6 дена во неделата, кое во последно време стана вообичаено кај големите кинески технолошки компании и стартапите.

„Ако работиме работа што ја сакаме, 996 не е проблем“, напиша Ма на својот блог оваа недела. „Ако не ви се допаѓа (тоа што го работите), секој минута е мачење“.

Коментарите на Ма набрзо наидоа на критика на кинеските социјални мрежи.

„Дали некогаш сте помислиле на постарите лица на кои им е потребна нега или на грижата за децата?“, напиша корисник на мрежата Веибо, на која беше објавен блогот на Ма. „Ако сите компании ја прифатат практиката 996, никој повеќе нема да има деца поради немање слободно време“.

Кинеските државни медиуми исто така остро ги критикуваат компаниите кои вршат притисок врз вработените цели денови да ги поминуваат на работните места.

„Чесната и тешка работа и посветеноста на работата не значи присилување на прекувремена работа“, напиша во неделата државниот весник Пиплс дејли. „Присилувањето на практиката 996, односно прекувремената работа, не само што ја одразува ароганцијата на бизнис менаџерите, туку е и неправедна и непрактична“.

Претприемачот Џек Ма коментираше дека намерата не му била да ја брани практиката на прекувременото работно време, туку сакал да ги пофали оние вработени на кои таквите работни часови не им се проблем.

„996 не е само прекувремена работа“, кажа Ма и додаде дека секој има право да го одбере својот животен стил, но и дека оние кои работат помалку „нема да ја искусат среќата и наградите од прекувремената работа“.

Ма истакна дека секој иден вработен на Алибаба треба да биде спремен да работи 12 часа на ден ако сака да успее. „Инаку не треба да ни се придружувате. Не ни недостигаат такви кои сакаат удобно да ги одработат своите осум часа“, кажа тој.

Сега еден од најбогатите Кинези, Ма во претприемничките води тргнал од скромни почетоци. Роден е во сиромашно семејство, а страницата Алибаба ја почнал со пари позајмени од своите пријатели.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе