Еден од најбараните терористи на ИСИС во Европа уапсен во Шпанија, носел ковид-маска за да се скрие

Шпанските безбедносни служби уапсија важен милитант на Исламска држава, кој влегол во земјата откако вршел џихад во Сирија и Ирак. Бегалецот и неговите соучесници се обиделе да се вклопат со носење на задолжителните маски за лице.

Денеска полицијата и разузнавачите провалиле во стан изнајмен од осомничениот за тероризам и двајца негови соучесници во покраината Андалузија, откри Министерството за внатрешни работи на Шпанија. Милитантот, за кој се вели дека е со египетска националност, некако успеал нелегално да премине во Шпанија преку море.

Без да го обелодени неговото име, министерството рече дека тој е „еден од најбараните терористи во Европа, и поради неговото криминално досие во Даеш (арапски акроним за ИСИС), и поради големата опасност што ја претставува“.

Наоѓајќи се во погодената од вирус Шпанија, каде што над 21.000 луѓе ѝ подлегнаа на оваа болест, тројцата терористи дале сè од себе за да избегнат да бидат забележани. Тие „се однесуваа според правилата во вонредната состојба среде пандемијата на ковид-19“, излегувајќи одделно и секогаш со своите маски.

Сепак, Египќанецот се појавил на радарот на европските разузнавачки служби затоа што неколку години се борел за џихадистичката група во Сирија и Ирак, развивајќи „мошне необичен и препознатлив личен карактер“. Неговите злосторства, од кои некои „се екстремно големи“, според официјалните лица, биле снимени на филм.

Последниве години Шпанија стана една од главните порти во Европа за илегална имиграција од Северна Африка и Блискиот Исток, на исто ниво со Грција и Италија, поради географската близина на земјата со Либија, каде што мигрантите се собираат пред да го преминат Медитеранот.

Шпанија претрпе смртоносен напад во 2017 година кога 22-годишен терорист со комби влезе на густа пешачка улица во Барселона. Одговорноста за нападот, во кој загинаа над десетина луѓе, подоцна ја презеде Исламска држава.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе