Еден од најбараните мексикански нарко босови во САД е уапсен

Мексикански нарко бос кој се наоѓа на листата на најбарани во САД е уапсен вчера во Мексико, соопшти Министерството за воена морнарица за Франс прес.

Фото: ЕПА

Рафаел Каро Кинтеро е уапсен во северната држава Чивава, додаваат мексиканските медиуми. Извор од Министерството за морнарица го потврди апсењето, но одби да даде детали.

Рафаел Каро Кинтеро беше на списокот од десет бегалци барани од ФБИ за киднапирање, тортура и убиство на „Кики“ Камарена специјалниот агент на американската Агенција за борба против дрогата во Мексико во 1985 година, според ФБИ.

Вашингтон понуди 20 милиони долари за негово апсење. Мексиканецот е еден од основачите на првиот голем нарко картел во Гвадалахара во доцните 70-ти.

„Тој го задржа влијанието во картелот Синалоа и во организацијата за трговија со дрога Каро-Квинтер“, додаде ФБИ.

За прв пат беше уапсен во 1985 година и осуден на 40 години затвор во Мексико. Поради формално правно прашање тој беше ослободен во 2013 година. Набргу потоа, мексиканското правосудство повторно побара негово апсење.

И САД повторно побараа негово апсење и екстрадиција за киднапирање и убиство на Енрике „Кики“ Камарена, американски агент со мексиканско потекло и за трговија со дрога.

„Не го киднапирав, не го измачував, не го убив“, се бранеше во јули 2016 година, додека сè уште беше во бегство. „Моја единствена вина е што бев на местото на злосторството“, рече тој.

Водачот на картелот Гвадалахара, Мигел Анхел Феликс Гаљардо, е во затвор од 1989 година поради убиството на Камарена. Тој негира дека учествувал во убиството.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе