Нови детали

Еден мртов во експлозијата во Германија, во станот најдени плински боци и муниција (ВИДЕО)

Во станот во зградата каде што денеска избувна експлозијата германската полиција пронајде шишиња со гас и стара воена муниција.

Во експлозијата најмалку едно лице загинало, а десетици се повредени.

Станот го изнајмувал 78-годишен маж и тој најверојатно е жртвата во експлозијата, која се случила во станбена населба во Бланкенбург, на германскиот исток.

Полицијата верува дека во прашање била експлозија на гас.

Како што пренесува Ројтерс, на полицијата ѝ помагаат припадници на единицата за деактивирање експлозивни направи.

По експлозијата евакуирани се жителите на станбениот блок, како и блиската градинка, а ниту едно дете не е повредено.

Местото на експлозијата го обезбеди полицијата, која претходно објави дека се повредени 25 лица.

Локалните медиуми објавија дека едно лице загинало, а друго се води како исчезнато.

На фотографијата објавена од полицијата се гледа петкатниот станбен блок од времето на комунизмот.

Низ прозорците, кои се целосно црни, на вториот кат излегува чад.

Експлозијата избувна во станбената област во 8.55 часот по локално време.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе