Во тек е полициска операција

Еден мртов, неколку ранети во пукање кај синагога во Виена (ВИДЕО)

Полицијата во Виена, Австрија почна, како што ја нарекоа, „голема полициска акција“, по повеќе истрели во близина на главната градска синагога лоцирана во областа на Стариот град. Неколку лица се повредени, а според локалните репортери, кои се повикуваат на Министерството за внатрешни работи, едно лице е убиено во инцидентот.

Фото: ЕПА

Австрискиот медиум АПА, цитирајќи ја полицијата, јави дека едниот напаѓач е убиен, а другиот е на слобода.

На снимките споделени на социјалните медиуми наводно се гледа моментот кога се слушаат неколку рафали, додека минувачите на улица трчаат да се засолнат.

Осомничениот напаѓач, за кого се верува дека е вооружен, сè уште е во бегство, според локалните медиуми. Министерството за внатрешни работи на Австрија побара од жителите на Виена да останат дома и да се држат подалеку од прозорците.

Претходно, локалните медиуми објавија дека се слушале истрели во близина на главната синагога на главниот град на Австрија. Еден полицаец, кој чувал стража во близина на храмот, наводно бил сериозно повреден од непознат напаѓач.

Голем број полицајци се распоредени во центарот на градот, а од луѓето е побарано да ја избегнуваат областа и јавниот превоз додека трае безбедносната операција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе