Еден ден пред самоубиството германскиот покраински министер барал помош од ЕУ поради коронавирусот

Германија е потресена од смртта на министерот за финансии на покраината Хесен Томас Шејфер кој, по сѐ изгледа, си го одзема животот во саботата на 28 март.

Според германските медиуми, полицијата во 10:20 часот на шините за брзиот воз кај Хокајм нашла тело на маж, а истата вечер јавија дека станува збор за Шејфер, што предизвика шок на германската политичка сцена и во јавноста. најдеото тело не можело веднаш да се идентификува поради тешките повреди па минале часови додека полицијата да го утврди идентитетот.

Долгогодишниот член на партијата ЦДУ бил стабилна личност, одговорен и компетентен политичар на кој допрва му следела кулминацијата на кариерата – премиерот на Хесен Волкер Буфие го сметал за свој наследник – па неговото самоубиство ја изненади германската јавност.

За тоа колку на Шејфер му значела неговата работа сведочи фактот дека во петокот, ден пред смртта, во министерството за финансии на Хесен било подготвено соопштение за јавноста во кое Шејфер ја повикува Европската Унија да донесе подобри мерки за спас на економијата во пандемијата на коронавирусот. Соопштението им било испратено на медиумите во 10:59 часот, четириесеттина минути по наоѓањето на телото.

Франкфуртер алгемајне цајтунг, повккувајќи се на извори од полициската истрага, објави дека Шејфер оставил проштална порака. Подетални информации за содржината на пораката засега не се објавени во германските медиуми.

Најблиските соработници на Шејфер на медиумите им кажаа дека министерот во изминатите недели бил под голем притисок поради економската криза која ја предизвикува коорнавирусот и се грижел дали ќе може да одговори на предизвиците пред него и да не ги разочара граѓаните на Хесен, инаку една од најбогатите германски покраини, во која се наоѓа Франкфурт на Мајна, финансискиот центар на Германија.

Медиумите јавуваат дека Шејфер, кој се бавел со готвење како хоби, пред две недели помагал на подготовката на добротворна вечера во Франкфурт и уште тогаш изгледал истоштено. Шејфер бил висок речиси два метри и има 110 килограми, бил познат по својата смисла за хумот, иначе ретка особина меѓу луѓето во германската политика и како модерен конзервативец.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе