НЕМА МНОЗИНСТВО ВО ПАРЛАМЕНТОТ

Еден ден по изборите во Велика Британија: каков хаос

Британските гласачи ѝ нанесоа тежок удар на премиерката Тереза Меј на предвремените парламентарни избори што Меј ги свика за го поткрепат нејзиниот тврд став за преговорите за брегзитот - одземајќи ѝ го парламентарното мнозинство и втурнувајќи ја земјата во политички хаос, вели Ројтерс.

Денот по изборите во Велика Британија донесе неизвесна политичка ситуација. Конзервативците го загубија мнозинството, се бара оставка на премиерката. Брисел во страв.

Според последните информации, конзервативците на премиерката Тереза Меј освоија 315 пратенички места на предвремените парламентарни избори во Велика Британија, а опозициските лабуристи 261 место, објави Гардијан.

Ова значи дека нема да има мнозинство во парламентот од 650 места. На трето место се либералдемократите со 12 отсто од гласовите, по што следува Шкотската национална партија со 35 гласа.

Броењето на гласовите е прекинато и ќе продолжи подоцна денеска или можеби дури утре.

Странските новински агенции објавија дека Британците ја казниле Тереза Меј и дека ѝ се „вратило како бумеранг“ коцкањето со распишувањето на предвремените парламентарни избори. Сега од сите страни расте притисокот британската премиерка да поднесе оставка.

Нејзиниот главен ривал, лабуристот Корбин, утрово веќе ја повика премиерката да поднесе оставка зашто изборните резултати покажале дека таа ги „загубила гласовите, поддршката и довербата на гласачите“.

Меј пак рече дека „нема намера да поднесе оставка“ и дека планира да ја предводи малцинската влада.

Ќор-сокакот во кој се најде Велика Британија сега влијае и на официјален Брисел зашто за 10 дена треба да почнат преговорите за излегување на Велика Британија од ЕУ. Кој сега и на кое ниво ќе разговара за тоа од британска страна, и дали воопшто ќе дојде до тие разговори - се прашањата што го мачат Брисел.

Европскиот комесар Гинтер Отингер веќе кажа дека е неизвесно дали преговорите би можеле да започнат на 19 јуни, како што е планирано, додавајќи дека разговорите без силен преговарачки партнер би биле понеизвесни.

Од Брисел се слуша и дека е премногу рано да се шпекулира за тоа како Унијата ќе реагира на евентуалната промена во британските барања за повлекувањето, но треба да се види и дали следната влада во Лондон ќе ја смени својата позиција за брегзитот.

Кога станува збор за новата влада, клучната точка е брегзитот. Mej има право прва да проба да формира коалиција, иако со својот тврд став за брегзитот веројатно тешко ќе најде соодветен партнер, вели Ројтерс.

Малку е веројатно дека конзервативците и либералдемократите повторно ќе бидат во коалиција без поголем компромис за централниот принцип на нивната изборна програма - исто така брегзитот.

Конзервативците се за целосен прекин со ЕУ, без оглед дали може да се постигне задоволителен договор за излегувањето, додека либералдемократите им ветија на гласачите втор референдум за тоа дали да се прифати договор со Брисел.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе