Еболата е вистинска, им порача претседателот на Конго на скептичните жители

Претседателот на Конго Филикс Шисекеди денес ги молеше луѓето од областите погодени со најлошата епидемија на ебола да прифатат дека болеста е вистинска и да им веруваат на здравствените работници.

Недовербата во медицинските лица и распространетите дезинформации пропагирани од страна на некои лидери на заедницата доведоа многумина од погодените области во источната Демократска Република Конго да одбијат вакцинација. Наместо тоа, тие се свртиле кон традиционалните исцелители, чии клиники придонеле за ширење на хеморагичната треска.

„Не е измислена болест“, рече Шисекеди откако пристигна во градот Бени на својата прва турнеја во источен Конго откако беше инаугуриран во јануари.

„Ако ги следиме упатствата, за два или три месеци ќе ѝ ставиме крај на еболата“, изјави тој оптимистички пред толпата откако му беше измерена температурата и си ги изми рацете, како што се бара од сите дојдовни патници на аеродромот Бени.

Конго претрпе 10 епидемии на ебола, која предизвикува тешко повраќање, дијареа и крвавење, откако беше откриен вирусот таму во 1976 година. Сегашната, откако беше прогласена минатиот август, има 1.264 потврдени и веројатни случаи и 814 смртни случаи.

Надмината е само од епидемијата во Западна Африка од 2013-2016 година, во која беа пријавени повеќе од 28.000 случаи и повеќе од 11.000 смртни случаи.

По серијата напади врз центрите за лекување од страна на неидентификувани напаѓачи во февруари и март, сегашната епидемија се шири со најбрза стапка.

Повеќе од 100 случаи беа потврдени минатата недела.

Шисекеди, кој победи на спорните избори во декември минатата година и го наследи Џозеф Кабила, денес исто повика на разоружување на десетици милиции кои делуваат на исток и чие присуство ја комплицира реакцијата на еболата.

„Времето на вооружените групи е завршено“, рече тој. „Новата влада ги повикува овие деца на земјата да го предадат оружјето преку програмите за разоружување“, пренесе Ројтерс.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе