Подгорица

Џукановиќ: Српската црква е фронтменот на српскиот шовинизам и руските царски интереси

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ отворено ја обвини Српската православна црква и нејзиниот патријарх Иринеј во создавањето на тензии на Балканот. На гостувањето на државната телевизија во Подгорица Ѓукановиќ ја критикуваше изјавата на Иринеј, во која тој ja спореди „положбата на црквата во Црна Гора со тоа во времето на турското ропство и во времето на фашизмот“.

„Не сум изненаден што тој (Иринеј - н.з.) не се разликува од тоа свое тврдење. Тој уште еднаш докажа дека Српската православна црква е главниот фронтмен на великосрпскиот шовинизам во регионот и во Црна Гора. Таа е тупаницата на идеолозите за Голема Србија и империјалистичките интереси на Русија на Балканот. Сето ова треба да се многу внимателно да се следи од црногорската држава во претстојниот период“, предупреди Мило Ѓукановиќ. Според него, пропагандната машина во Белград против Црна Гора повторно почнала да работи, исто како и во 1990-тите. Ова е поврзано со преговорите меѓу Косово и Србија, од една страна, и употребата на Србите во Црна Гора, од друга страна, рече шефот на државата.

„Ние ја признавме независноста на Косово, бидејќи таква е реалноста... Се обидов во разговорите со Борис Тадиќ и Александар Вучиќ да им објаснам дека не е рационално да водиш војни кои други ги загубија. Она што навистина не разбирам е фактот дека на српската медиумска сцена се отвораат нови фронтови во регионот. Ова се прави со цел да го свртат вниманието на јавноста во Србија од косовското прашање", рече црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Логично е, рече Ѓукановиќ, 25 години подоцна да не покажуваме несигурност од овие провокации, кои доаѓаат од места кои имаат вековни претензии кон црногорската независност. „Црна Гора изгради сопствен имунитет и без особени напори може да издржи такви напади, независно од тоа дали доаѓаат од регионот или од Москва", заклучи Мило Ѓукановиќ, пренесе бугарската агенција БГНЕС.

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе