Џонсоновата стратегија за забавување на климатските промени

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера ја претстави својата стратегија за забавување на климатските промени и за пронаоѓање алтернативи на јагленот во секој дел од економијата, од греењето до транспортот и индустријата.

Фото: ЕПА

„Обединетото Кралство предводи во светот во трката до нето нула”, наведува Џонсон во предговорот на стратегијата „Нето нулта стратегија”, која содржи 368 страници, што е, како што оценува Ројтерс, дел од неговите настојувања да ги принуди конкурентите како што се Кина и Русија да го следат Лондон во таа сфера.

Документот всушност претставува низа долгорочни ветувања со цел петтата најголема светска економија да се пренасочи кон зелените технологии и кон чистата електрична енергија.

Владата во Лондон најави дека до крајот на работата на овој парламент ќе обезбеди конечна инвестициска одлука за градење голема нуклеарна електрана, додека истовремено ќе го зголеми капацитетот за добивање енергија од ветерот за 40 ГВ до 2030 година.

Британија до 2030 година ќе го зголеми капацитетот на производството на водород за 5ГВ, додека ќе ја преполови емисијата на јагленород од нафтата и гасот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе