Џонсоновата кампања не почна најдобро: Гаф, оставка и лажирано видео (ВИДЕО)

Почетокот на предизборната кампања на британскиот премиер Борис Џонсон го одбележаа оставка на еден од неговите министри, гаф околу жртвите на смртоносниот пожар во станбената зграда во Лондон и фалсификувана видео-снимка на неговиот соперник која ја објави неговата партија.

Џонсон свика предвремени парламентарни избори за 12 декември за да ја реши блокадата околу брегзитот поради која земјата е парализирана повеќе од три години.

Се надева дека ќе добие доволно големо мнозинство за да го протурка низ парламентот договорот за раздружување кој го договори со ЕУ за земјата да може да излезе од Унијата на 31 јануари.

Но, само еден час по средбата со кралицата Елизабета Вора по повод формалниот почеток на предизборната кампања, Џонсоновиот министер за Велс, Алун Каирнс, поднесе оставка откако беше обвинет дека лажел дека не бил запознаен со случајот на еден свој соработник кој наводно саботирал судење за силување.

Анкетите покажуваат дека Џонсоновите конзервативци на почетокот на кампањата се во предност пред опозициските лабуристи од 7 до 17 процентни бодови.

„Да го спроведеме брегзитот“, им кажа 55-годишниот Џонсон на новинарите пред својот кабинет, предупредувајќи дека лидерот на лабуристите Џереми Корбин ќе предизвика уште поголем хаос во земјата со новите референдуми за членството во ЕУ и независноста на Шкотска.

„Поддржете нѐ, да го спроведеме брегзитот и да ја поведеме земјата напред или, а тоа е алтернативата за следната година, потрошете ја цела 2020 во хорор-шоу на уште неизвесности и одложувања“, кажа тој.

Џонсон истакна дека Корбин ги мрази богатите и дека затоа е како советскиот диктатор Јосиф Сталин кој испрати милиони луѓе во работни логори. Корбин кажа дека тоа е „глупост“ која супер-богатите ја смислија за да избегнат плаќање поголеми даноци.

Покрај тоа претседателот на Конзервативната партија Џејмс Клеверли утринава објаснуваше зошто партијата дистрибуирала фалсификувана видео-снимка на еден сопернички политичар од Лабуристичката партија, наместо да го промовира почетокот на кампањата на Џонсон.

Друг истакнат конзервативец, Џејкоб Рис Мог, синоќа се извинуваше за тоа што сугерирал дека жртвите на пожарот во лондоската Гренфел кула требало да бидат толку разумни да ги игнорираат советите на пожарникарите да останат во зградата која горела.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе