Џонсон во прошталниот говор: Велика Британија ќе излезе посилна од економската криза

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во вторникот дека неговата наследничка Лиз Трас ќе стори сè за да им помогне на Британците да се справат со вртоглавиот скок на цените на енергијата, користејќи го својот проштален говор за поддршка на новата премиерка.

Фото: ЕПА

„Знам дека Лиз Трас и оваа сочувствителна конзервативна влада ќе направат сè што можат за луѓето да ја пребродат оваа криза и оваа земја ќе ја издржи и ние ќе победиме“, рече тој, стоејќи пред вратата на резиденцијата и канцеларијата во Даунинг Стрит број 10.

Велика Британија ќе излезе посилна од економската криза, рече Џонсон, заминувајќи од Даунинг стрит за да ѝ ја предаде својата оставка од местото премиер на кралицата.

„Ова е тежок период за економијата. Ова е тешко време за семејствата низ целата земја. Можеме да го пребродиме и ќе го пребродиме, ќе излеземе посилни од другата страна“, рече тој.

Премиерот рече дека рускиот претседател Владимир Путин е „целосно во заблуда“ ако мисли дека може да се извлече со „уценување и малтретирање“ на британската јавност со ограничување на испораките со гас, зголемувајќи ги така светските цени.

„Имаме и ќе продолжиме да ја имаме таа економска сила да им ги дадеме на луѓето парите што им се потребни за да ја пребродат оваа енергетска криза предизвикана од злобната војна на Путин“, нагласи британскиот премиер во заминување.

Лиз Трас во вторник ќе го замени Борис Џонсон на функцијата британски премиер, откако кралицата Елизабета ќе побара од неа да формира нова влада, која треба да се справи со енергетската и економската криза.

Таа ќе го наследи Џонсон, кој беше принуден да поднесе оставка во јули, по повеќемесечни скандали кои ја намалија поддршката за неговата влада, а министрите поднесоа оставки за да го принудат да се повлече.

Џонсон ќе отпатува во Шкотска за да се сретне со кралицата Елизабета во нејзината резиденција во замокот Балморал за официјално да ја предаде оставката.

По Џонсон, со кралицата ќе се сретне Трас, за да добие мандат за формирање влада.

Новата премиерка ќе им се обрати на граѓаните, а потоа ќе почне да ги именува министрите од својата влада.

Трас ќе стане четвртиот премиер на конзерватиците во седум години, додека Британија паѓа од една во друга криза. Сега постои можност за долга рецесија и натамошен раст на инфлацијата, која во јули достигна двоцифрено ниво.

Смената на премиерот и назначувањето на нов, церемонија која вообичаено се одржува во Бакингемската палата, овој пат ќе се случи во Балморал, каде кралицата го поминува летото, а поради проблеми со подвижноста не можеше да отпатува во Лондон.

Кралицата Елизабета, под чие владеење беа 14 премиери пред Трас, мораше да ги намали своите јавни настапи во последните месеци поради ваквите проблеми, а исто така помина една ноќ во болница минатиот октомври поради неодредена болест.

Затоа, Трас мора да патува до Балморал за да стане премиер, што е патување од околу 1.500 километри во двата правци, наместо вообичаеното патување од неколку стотици метри од Бакингемската палата до Даунинг стрит.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе