Џонсон во ненадејна посета на Киев: „Ви нудиме програма што може да ја промени војната“

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пристигна во ненадејна посета на Киев и ѝ понуди на Украина Велика Британија да покрене голема операција за обука на украинските вооружени сили.

Фото: ЕПА

Џонсон на денешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски понудил да почне голема операција за обука на до 10.000 украински војници на секои 120 дена, соопшти неговиот кабинет.

„Мојата денешна посета, среде оваа војна, треба да испрати јасна и едноставна порака до украинскиот народ: Обединетото Кралство е со вас и ние ќе бидеме со вас додека конечно не победите“, рече Џонсон.

Кабинетот на британскиот премиер соопшти дека операцијата предводена од британското раководство би ги обучувала и вежбала украинските војници со цел да се забрза нивното распоредување, да се обноват нивните сили и да се зајакне нивниот отпор.

Втората посета на Џонсон во Киев откако рускиот претседател Владимир Путин ја нападна Украина во февруари била договорена во тајност во последните неколку дена.

„Додека украинските војници истрелуваат британски проектили во одбрана на вашиот национален суверенитет, тие го прават тоа во одбрана на истите слободи што ние ги земаме здраво за готово. Затоа му понудив на претседателот Зеленски нова, голема програма за обука, која може да го промени балансот на оваа војна – со искористување на најголемата сила, решеноста на Украина да победи“, рече Џонсон.

„Два месеци по мојата последна посета, храброста, решителноста и издржливоста на Украина се поголеми од кога било и знам дека нескршливата истрајност долго ќе ги надживее суетните амбиции на претседателот Путин“, додаде Џонсон.

Џонсон и претседателот Зеленски разговарале и за тоа како Велика Британија може да помогне да ѝ се стави крај на руската блокада на извозот на жито, за која се стравува дека може да доведе до зголемување на гладот во светот.

„Многу денови од оваа војна докажаа дека поддршката на Велика Британија за Украина е силна и одлучна. Мило ми е што повторно го гледам големиот пријател на нашата земја Борис Џонсон во Киев“, напиша Зеленски на Телеграм.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе