Несогласувањата меѓу четирите британски конститутивни нации Шкотска, Велс, Северна Ирска и Англија, во врска со управувањето со пандемијата на коронавирус, им наштети на односите што се веќе нарушени по брегзитот.
Ова особено важи за Шкотска, која гласала против излез од ЕУ. Најновите анкети покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска е незначително поголема од поддршката за 300-годишната унија со Англија.
„Унијата на Обединетото Кралство за мене е најголемото политичко партнерство што светот досега го видел. Би било штета да ја изгубиме таа моќ, таа магија на нашата унија“, рече Џонсон.
На референдумот во 2014 година, Шкотска гласала 55 на 45 проценти против независност, но Шкотската национална партија (СНП), која го води тој полуавтономен регион, сака ново гласање. Иако таму гласачите поддржале да останат во ЕУ, Велика Британија како целина гласала да си замине.
Конзервативната партија на Џонсон, која управува со цела Велика Британија и одлучува за политиката во областите што не ѝ биле доделени на Шкотска, е силен поддржувач на унијата и отфрла какво било повикување за ново гласање.
Џонсон и другите високи официјални претставници и министри, големи поборници на унијата, во последните неколку недели во Шкотска нашироко расправале за силата и придобивките од тој однос.