Џонсон се сомнева во успехот на климатскиот самит

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека е „многу загрижен и претпазлив во врска со изгледите на климатскиот самит КОП26, кој започнува во недела во Глазгов, да биде успешен", истакнувајќи дека сепак тоа е можно.

Фото: ЕПА

„Многу сум загрижен бидејќи може да помине лошо“, рече Џонсон на состанокот со десетина деца во својата канцеларија на Даунинг Стрит.

„Можно е да не ги постигнеме договорите што се потребни“, рече тој. „Тоа е многу, многу тешко, но мислам дека е можно“.

На самитот британската влада ќе се обиде да убеди речиси 200 земји да направат повеќе за да се намалат емисиите на стакленички гасови, така што глобалното затоплување ќе биде ограничено на под 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриската ера, како што е предвидено со Парискиот договор од 2015 година.

Претседавачот на собирот, Британецот Алок Шарма, во саботата оцени дека ќе биде „потешко“ да се постигне договор во Глазгов отколку во Париз.

Овој КОП е „можеби најважниот самит во оваа земја во нашиот живот“, истакна Џонсон.

За договорот ќе бидат потребни „жртви“, објасни тој. „Сите ќе мора да се согласат да направат нешто тешко, било да е затворање на термоелектрани на јаглен или давање пари за помош на земјите во развој или користење електрични возила“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе