Џонсон: Самитот Г7 е можност да научиме лекции од пандемијата на коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на лидерите на индустриски најразвиените земји (Г7) дека нивниот самит е можност да се научат лекции поврзани со пандемијата на коронавирусот и да се осигурат грешките да не се повторат.

Фото: ЕПА

Обраќајќи им се на лидерите на Г7, како и на Европската унија, Џонсон истакна дека тој смета дека ова е состанок што „навистина мораше да се случи, затоа што треба да се осигуриме дека ќе ги научиме лекциите врзани со пандемијата на коронавирусот“ и да се осигуриме дека „нема да ги повториме грешките, што несомнено ги направивме во текот на последните 18 месеци“.

„И мора да бидеме сигурни дека сега ќе следи закрепнување на нашите економии“, додаде британскиот премиер, поздравувајќи ги учесниците на самитот на отворањето.

Лидерите на Г7 започнаа тридневен самит во сенка на пандемијата на коронавирусот, на кој ќе разговараат за глобалното закрепнување, правична дистрибуција на вакцините против ковид-19 и климатските промени.

На првиот ден, лидерите треба да разговараат за закрепнување од пандемијата, фокусирајќи се на прашања како што се донации на вакцини против ковид-19 и финансиска помош за изградба на фабрики за производство на вакцини низ целиот свет, пишува германската агенција ДПА.

Во сабота ќе разговараат за отпорноста на економиите и надворешната политика, а четвртата дискусија е посветена на здравството.

Во недела, темите ќе бидат клима и природа и ќе биде прикажана претходно снимената видео порака од славниот британски уредник и водител на документарци за природата Дејвид Атенборо.

Тоа е прв физички состанок на лидерите во овој формат во последните две години, откако лидерите на Г7 минатата година заради пандемија се состанаа виртуелно, но и прв голем меѓународен самит за американскиот претседател Џо Бајден.

Џонсон на отворањето на самитот исто така рече дека состанокот требало да биде неформален разговор затворен за јавноста, но дека станал „голем медиумски циркус“.

Г7 го чинат САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а на самитот учествуваат и претставници на Европската унија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе